
Утринава во населба „Железничка“ во Штип, избувна пожар кој заврши со големи материјални штети. Нешто пред 7 часот, во Противпожарната територијална единица Штип, пожарот бил пријавен со што вендаш се излегло на терен и околу 10 часот бил локализиран при што не се дозволило негово проширување.
„Утрово во 6:45 часот имавме дојава за пожар во населба „Железничка“. Се работи за зафатен магацин на претпријатието „Бетон“. Веднаш излеговме со три противпожарни возила и седум пожарникари и постапивме кон гасење на пожарот. Се работи за поголем, пообемен пожар бидејќи магацинот е изграден од стара градба со доста дрвен конструкција и внатре во магационот имаше многу лесно запаливи средства. Сепак со нашата интервенција не дозволивме пожарот да се прошири и во 10 часот тој беше локализиран“ – изјави Атанасов.
Инаку, изминатиот викенд за Противпожарната терторијална единција Штип поминал мирно. Немале ниту една интервенција. Последен пат интервенирале на 18 ти месецов на запалени стрништа, и претходно во акција за спасување на домашно милениче.
Лаура Стојанова М-Нет