Лице од обезбедување физички нападнало 61-годишник во продажен објект во Штип

На 22.08.2025 во 10:46 часот во СВР Штип, С.Т.(61) од Штип пријавил дека околу 10:00 часот во продажен објект во Штип бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.