
Облека, обувки, алат, накит – сѐ на едно место денеска достапно за граѓаните во Штип на летниот панаѓур кој се одржува на паркингот кај градскиот пазар. Уште од утринава се бележеше блага раздвиженост на граѓаните, додека дел од тезгите уште се поставуваа. Од Скопје, Кочани, Штип и останатите градови имаше пазарџии кои своите производи ги нудат поевтино, а овде се со цел да продадат нешто плус. Согласни се дека ваквите настани се добредојдени за трговците.
„Целта е за нас трговците нешто да продадеме. Ние сме од Скопје и овде сме во Штип да препродадеме нешто оти од тоа живееме. Ова се панаѓурски цени и ги покануваме сите да дојдат да видат, да си купат нешто.“ – велат продавачите.

Задоволни од ваквите настани кои се реализираат во Штип се и граѓаните. Велат дека поевтино е и избор има.
Летниот панаѓур во Штип ќе трае два дена денеска и утре, а целта е ем да се продаде нешто плус на трговците ем граѓаните да купат по поевтина цена.
Лаура Стојанова М-Нет