Лесниот пешадиски баталјон оценет како „борбено способен за извршување на мисијата“

„Ден за високи гости“ на армискиот полигон „Криволак“ по успешно завршената воена вежба „Блесок-22“. Преку изведување на вежба со боево гаѓање „Засилен лесен пешадиски баталјон во напад“, беа демонстрирани ситуации и постапки со кои се покажа обученоста на армиските припадници. На денот меѓу присутните беа и претстедателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Освен Петровска, свое излагање имаше и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој истакна благодарност во име на Армијата за поддршката и успешното спроведување на вежбата.

Оценувањето на лесниот пешадиски батаљон, кое се реализираше согласно Концептот за оперативни способности на НАТО го спроведе оценувачки тим на Армијата, поддржани од оценувачи од други земји и тим на монитори од НАТО при што официјалната оценка е „борбено оспособен за извршување на својата мисија“.

Ребека Спасова М-Нет