Лесна облека и мали оброци, капа и шише вода – лекарите со совети за заштита од високи температури

Активностите да се завршат до 11 част наутро, да не се излегува безпотребно на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да се носи светла и лесна облека, да се консумираат лесни оброци – лекарите со совети до граѓаните како да се заштитат од високите температури кои се највени од утре па во нареднито период. Критичните групи пациенти редовно да примаат терапија.

„Препораките се активностите да се завршат најдоцна до 11 часот наутро, со соодветна хидратација, редовно примање на терпијата. Светла облека, капа, шише вода, да се избегнуваат масни оброци и шеќери“ – вели Митрова.

Половина час пред да се напушти климатизиран објект да се исклучи клима уредот за да се адаптира телото на температурата, апелира Митрова.

„Најчесто пациентите се жалат на малаксаност, поспаност, низок крвен притисок. Може да дојде до колабирање, кога ќе дојдат од надвор. Овде како една препорака ќе дадам пред да се напушти климатизираниот објект половина час претхдодно да се исклучи клима уредот“ – додава Митрова.

Од утре во поголем дел од општините дневните температури ќе се движат околу 40 степен, а стабилно и сончево време ќе се задржи и во наредните неколку дена. Македонија од утре влегува во портокалова фаза.

Лаура Стојанова М-Нет