
Јадат ли штипјани лесна храна, која им е омилена и знаат ли понекогаш да се почестат со тешка храна дури во текот на најголемите жештини? Иако лекарите препорачуваат полесна храна и повеќе течности, сепак граѓаните велат дека понекогаш знаат да отстапат од нив. Едни затоа што немаат доволно време, а други поради уживање во лично задоволство. Но и едните и другите се децидни дека треба да се почитуваат мислењата и препораките на стручните лица.
Анкетираните тврдат дека нема поубаво нешто од домашно зготвена храна. Кујните понекогаш се опција за нив кога ќе снемаат време и идеја што да постават на масата за време на ручекот. Повозрасните, за разлика од помладите секогаш избираат приготвување на оброкот дома.
Конзумирањето на овошје и зеленчук, богати со витамини и минерали како и умереноста во исхраната и доволниот внес на течности остануваат најдобрата препорака за полесно да се поднесат летните температури од страна на лекарите.
Иван Митев, М-Нет