Леон Манов пристигна во Јордан на СП во борење за кадети, БК Балканец на подготовки на планината Осогово!

Борачот на БК Балканецот од Штип, Леон Манов пристигнаво Аман, Јордан каде ќе настапи на Светското првенство за кадети У-17.

Манов ќе настапи во категоријата 45 килограми, а во првата борба ќе се сретне со Амирабас Алиакбар Рамезанибазармахалех од Иран.

Останатите борачи на БК Балканец од Штип успешно продолжуваат со подготовките на планината Осогово. Целта на подготовките е подобрување на физичката подоготвка како и темпирање на формата за Балканското првенство и останатите Меѓународни турнири кои борачите на БК Балканец Штип ги очекуваат во следниот период.

Александар Ванев, М-Нет