
Изградениот споменик, кај село Крупиште на регионалниот пат Штип Кочани е сведоштво на една болна крвава битка од далечната 1944 година. Една судбина и дел од минатото кое останува да пркоси, но истовремено да се раскажува и пренесува од колено на колено.
Приказната за нападот на село Крупиште, тој кобен ден 14 октомври 1944 година, онака како што ја знае и како што нему му ја раскажале, нам ни ја долови господин Трајан. Тој бил само една година, кога неговиот чичко и татко бил дел од стреланите жители од село Крупиште од страна на германските окупатори.
До ваквиот чин на стрелање на жителите на село Крупиште дошло заради поразт кој го претпрпеле Германците од страна на Партизани, бидејќи како што се раскажува да страда невиното население бил нивниот начин на одмазда.
Над 80 жители на село Крупиште биле застрелани и нивните имижа се запишани на споменикот, меѓутоа имало и луѓе кои биле затекнати овде и го загубиле својот живот. Телата на починатите селани се закопани од страна на нивните семејства кои потоа се вратиле назад. Во 1952 година од страна на Здружени на борци е подигнат споменик во нивна чест. Стрелани биле и жителите на село Уларци и село Балван.
Лаура Стојанова М-Нет