Локалниот огранок на Левица – Тетово донесе ја напушти работната група за преименување и именување на улици во Општина Тетово. Претставникот на Левица, Никола Тодороски се повлече од ова тело.
„Од длабоки патриотски причини, од почит кон предците кои ги дадоа своите животи за слободно и македонско Тетово, Левица одбива да даде легитимитет на ова историско предавство. Не сакаме да учествуваме во бруталното урнисување и бришење на антифашистичката историја на нашиот град. Одбиваме да бидеме декор на коалициската злосторничка дружина ДПМНЕ – ВРЕДИ, која бескрајно и бескрупулозно, заради пусти фотелји и ситни лични интереси, тргува и ги менува историските факти на Македонците во Тетово“, велат од Левица.
Иако како партија поднесовме официјално барање и остар приговор против срамната предлог-листа, додаваат од партијата, јасно е дека криминалниот задкулисен пазар е веќе склучен на штета на македонскиот народ.
„Левица постави цврсти црвени линии и побара итно повлекување на следниве скандалозни предлози: Фадил Сулејмани – лице на кое му се припишуваат јавни изјави дека Македонците се Бугари, а Македонија е вештачка држава! Бараме Работната група под итно да ги истражи изворите на овие шовинистички изјави пред неговото име воопшто да се разгледува. Џафер Сулејман – човек со сериозни приговори за неговата улога за време на фашистичката окупација во Тетово и поврзаност со балистичките структури. Бараме целосна биографија со проверени историски извори за овој црн период. Шериф Кавази – лик за кој постојат наводи дека бил министер во квислиншката албанска власт за време на фашистичката окупација. Бараме итно повлекување додека историските документи целосно не го потврдат овој срам“, соопштија од Левица.
Од партијата бараат преиспитување на сите предложени имиња и велат дека без официјална биографија и јасен општествен придонес за градот, нема место на уличните табли.
Текстот Левица ја напушти работната група за менување на имињата на улиците во Тетово е превземен од МАКФАКС.