
Ракометарите на Македонија последната фаза пред настапот на Светското првенство ќе ја одработат во Хрватска, каде ќе се одигра и пријателски меч со репрезентацијата на Хрватска во Вараждин во среда.
Селекторот на македонската репрезентација во изјава за хрватските медиуми вели дека Македонија има убави и позитивни искуство од 2009 и 2018 година од Хрватска и Вараждин.
„„Имаме многу позитивни искуства од 2009 и 2018 година. Очекуваме дека пак ќе дојдат многу наши навивачи во голем број, а ќе се обидеме да ги освоиме симпатиите и на Хрватите во Вараждин и да бидат наш осми играч. Иако сме еден вид аутсајдери со помош на публиката да пробаме да ги изненадиме Унгарците и Холанѓаните, иако тоа во моментов не е реално. Онаа наша најуспешна генерација замина во историјата. Сега градиме нова генерација, многу се измачивме да се пласираме на ова Светско првенство. Ни значи бидејќи можевме да играме тука во Хрватска, која е близу“, изјави Лазаров.
Првиот натпревар Македонија го игра против Унгарија на 15 јануари, потоа ќе се соочиме со Холандија на 17 јануари, а групната фаза ќе ја затвориме со дуел против Гвинеја на 19 јануари.
Александар Ванев, М-Нет