
Кучињата скитници во центарот на Штип и понатаму остануваат проблем. Претходната недела се заловија седум кучиња скитници од страна на операторот од Куманово, ама по нивно соодветно третирање и вакцинирање истите се враќаат на местото од кадешто се заловени. Граѓаните реагираат бидејќи кучињата се среќаваат по улиците, но како што вели комуналниот инспектор при Општина Штип, Борче Везенков ова е согласно Законот и затоа тие постапуваат така.
„Во претходната недела се изврши заловување на кучиња скитници на територија на Општина Штип. Последниот пат од операторот од Куманово се заловени седум кучиња кои се однесени во ветеринарната станица Куманово. При нивното кастрирање, вакцинирање, се враќаат на местото каде се заловени.“ – вели Везенков.
Граѓаните може да пријават во општината доколку во нивното место на живеење има кучиња скитници, па согласно пријавата се реагира. Сѐ уште стои и праксата за носење кучиња од други населени места и градови, но како што вели Везнков тоа не е лоцирано на лице место.
„Некои од граѓаните пријавуваат од приградските населби, се оставаат од други општини., но на лице место не се лоцирани.“ – додава Везенков.
Кучињата скитници се проблем и за слепите лица. Неколкупати до сега и тие реагираа со цел да се најде решение.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет