
Зоран Тодоров од Кочани поднесе кандидатура за независен градоначалник на Општина Кочани.
Тој е граѓански активист, по професија економист, но во јавноста познат како човек кој е дел од многу организации, поборник за чист воздух, почва и вода. На својот фејсбук профил Тодоров напиша дека заеднички во Кочани може да се изгради иднина.
„Јас сум човек од дела – не од зборови. Еден од основачите сум на повеќе организации, преку кои со конкретни акции и хуманитарни иницијативи со години сме им помагале на оние на кои најмногу им требало. Верувам во солидарноста – не како празна реченица на плакат, туку како нормална, човечка и граѓанска реакција кога некој страда или кога нешто може да се подобри.“ – стои на неговата фејсбул обајава.
Освен Тодоров на престојните Локални избори на 19 октомври за градоначалничка фотелја во Кочани како независен кандидат за градоначалник ќе се бори и сега актуелниот в.д. градоначалник Венко Крстевски. До сега ова се двата единствени кандидати, бидејќи ниту ВМРО ДПМНЕ ниту СДСМ се уште немаат предложено свои кандидати за градоначалници.
Во меѓувреме, Благица Сабовлевиќ, жената која гласно се бореше против чадењето на градската депонија во Кочани, поднесе независна советничка листа за престојните Локални избори.
На листата е младешка екипа која сака да ги расте своите деца и старее со нив на родното огниште – напиша Сабовлевиќ на својот фејсбук профил.
Незвисна листа за советници поднесоа и пензионерите во Свети Николе.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет