КУП: Соочување Шкендија и третолигашот Шкендија Арачиново во Купот, Гостивар со Брегалница Пелистер против Детонит

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Денес во просториите на ФФМ, Комисијата за натпревари ја одржа ждребката со која беа извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија.

Брера Струмица ќе се соочи со Беса, Вардар ќе игра со ланскиот освојувач Тиквеш, Гостивар ќе се игра со штипска Брегалница, Пелистер ќе се судри со второлигашот Детонит Плачковица, во Тетово дуел на прволигашот Шкендија и третолигашот Шкендија од Арачиново.

Струга Трум Лум ќе игра со Македонија ЃП, Силекс против Шкупи во Кратово, а пак Арсими со ланскиот финалист Воска Спорт.

Натпреварите од осминафиналето на Купот на Македонија се играат на 23. октомври со почеток од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет