Куп на Македонија: Воска Спорт – Брегалница директно на програмата на Мнет Тв и на каналот Мнет спорт

Утре, среда започнуваат натпреварите од најмасовното фудбалско натпреварување – Купот на Македонија. Единаесет натпревари во ова прво коло или 1/16 финале ќе се одиграат во среда на 15 септември а три натпревари ќе се идиграат на 22 септември. Екипата на Брегалница за противник ќе го има тимот на Воска Спорт од Охрид од кој благодарејќи на одличната соработка со ФФМ, нашата Мнет ТВ ќе врши директен пренос, воедно и на каналот Мнет Спорт. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој натпревар, главен судија ќе биде Дејан Јакимовски, прв помошник ќе му биде Бранко Путилин, втор помошник Дејан Димитријевиќ а четврти судија ќе биде Ивана Пројковска сите од Скопје. За Контролор е делегиран Димитар Мечкаровски од Скопје а Делегат ќе биде Кочо Зердески од Кичево. Еве ги комплетните парови за овие 1/16 финални куп – натпревари:

  1. Воска Спорт – Брегалница
  2. Детонит – Македонија ЃП
  3. Победа – Вардар
  4. Беса – Скопје
  5. Локомотива – Охрид Лихнидос
  6. Гостивар – Ренова
  7. Љуботен – Пелистер
  8. Кораби – Беласица
  9. Слога – Работнички
  10. Новаци – Тиквеш
  11. Каменица Саса – Струга Трим Лум

Овие натпреври ќе се одиграат во среда 15 септември со почеток во 15.00 часот.

Куп – натпреварите Кит Го – Шкендија, Њу Старс – Борец и Велешта – Шкупи ќе се одиграат на 22 септември оваа година. Екипите на Силекс и на Академија Пандев како минатогодишни финалисти директно ќе настапат во 1/8 финалните куп – натпревари.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk