КУП: Кожуф против Арсими, Брегалница против Слободен, Шкендија Арачиново со Работнички

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

Утре ќе се одиграат 15 натпревари од првата фаза од фудбалскот Куп на Македонија, а истата ќе се комплетира на 2. октомври со останатите три Куп натпревари.

Во рамки на првата фаза Борец на домашен терен ќе игра против Детонит Плачковица, а тоа ќе биде и деби за старо-новиот штипски стратег Горан Здравков, Скопје ќе го пречека битолски Пелистер, четвртолигашот Јени Маале на соочување со прволигашот Шкендија, третолигашот Карбинци ќе игра со прволигашот Силекс.

Најнеизвесно ќе биде во Гевгелија во второлигашкото дерби на Кожуф и Арсими, Новаци ќе игра против Вардар, Охрид ќе ги одмери силите со прволигашот Беса, третолигашот Шкендија Арачиново против прволигашот Работнички, четвртолигашот Слободен ќе игра со штипска Брегалница.

Слога Виница дома против прволигашот Струга Трим Лум, Вардар Неготино ќе игра со прволигашот Брера Струмица, а пак третолигашот Џепчишти ќе игра со Шкупи.

Овие натпревари ќе се одиграат утре со почеток од 15 часот, додека пак на 2. октомври Башкими ќе игра со прволигашот Воска Спорт, екипа која лани играше финале но загуби од Тиквеш, Беласица против Македонија ЃП во второлигашкото дерби во Струмица, а пак Победа против прволигашот Гостивар, овие три натпревари ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет