
Утре ќе се комплетира првата фаза од Купот на Македонија со одложените три натпревари.
Второлигашко соочување во Струмица меѓу Беласица и Македонија ЃП во меч каде „лавовите“ ќе бидат фаворити за следна фаза од Купот на Македонија. Беласица не тргна според посакуваното во Втората лига, но тоа се должи повеќе и на можноста што се дава на младите играчи, па повеќе од јасно е дека резултатите ќе доаѓаат во иднина, а од друга страна поранешниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП ќе сака да стигне што подалеку во Купот.
Башкими како домаќин против Воска Спорт ќе игра на Градскиот стадион во Гостивар. Соочување на освојувачот на Купот на Македонија од сезона 2004/2005 односно Башкими против ланскиот финалист Воска Спорт.
Победа во Прилеп ќе го пречека прволигашот Гостивар каде повеќе од јасно е дека Гостивар лесно ќе ја помине првата фаза од Купот во натпревар каде е повеќе од апсолутен фаворит за триумф.
Натпреварите се играат утре со почеток од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет