КУП: Брегалница против Воска Спорт, скопска пресметка, бранителот на трофејот против Силекс

Денес во “Куќа на фудбалот” со извлекување беа одредени паровите за четвртфиналето од Купот на Македонија.

Ждрепката посака Брегалница на Градскиот стадион да го пречека охридскиот прволигаш Воска Спорт, додека пак бранителот на трофејот, Македонија Ѓ.П. на домашен терен ќе се соочи со екипата на Силекс.

Работнички во градското дерби ќе го пречека Шкупи. Брера Струмица ќе гостува во Кавадарци каде ќе игра против Тиквеш.

Четвртфиналните натпревари се закажани за 8. ноември со почеток во 13:00 часот.