
Третолигашот Куманово работи на тимот за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Север, а тоа ќе значи и остварување на најавените високи цели, односно пласман во Втората македонска фудбалска лига.
Куманово денес го назначи кумановецот Даниел Стојановски за нов шеф на стручниот штаб. Младиот стратег во својата кариера како помошен тренер има работено во Пелистер и Воска Спорт, а пак главен тренер во Велешта и Слога Виница.
За нов голман промовиран е кумановецот Горан Трајковски, кој со своето големо искуство ќе помага во остварувањето на целите на Куманово.
Трајковски во својата кариера беше дел од Работнички, Македонија ЃП, Силекс во два наврати, Плачковица, Воска, Саса и Слога Виница.
Во следниот период Куманово ќе промовира уште неколку квалитетни фудбалери со прволигашко и второлигашко искуство.
„Со овие засилувања и со нашите фудбалери кои ги имаме во нашиот клуб кои се исто така квалитетни фудбалери кои минатата сезона завршија на трето место на табелата ни дава за право да бидеме главни фаворити за влегување во втора македонска лига. На досегашниот шеф на стручниот штаб Жанко Савов и неговиот помошник Виде Спасовски Батко сакаме да ги се заблагодариме на досегашнста соработката и да ги посакаме добро здравје и успех во понатамошни кариери“, велат од Куманово.