Културно – забавна програма, концерт, панаѓур – Свети Николе се подготвува за Тодорица

Традиционалното одбележување на Тодорица во градот Свети Николе, ќе се одржи на 23 Март годинава. Општината очекува посета од иселениците, соседните општини па и соседните држави. Низа настани се предвидени за тој ден, одржување на културно уметнички фестивал, играње на најдолгото оро на плоштадот, неколку часовен концерт од Караванот Македонија , а посетителите ќе имаат можност да го посетат и панаѓурот кој ќе биде постабен близу салата во Свети Николе.

„Тодорица, тодорова сабота ќе се одржува на 23 март 2024, традиционално се одржува во Општина Свети Николе години години наназад тоа е традиција на која што цел град ќе биде овде, ќе дојдат иселеници од соседни општини и држави. Оваа година се надеваме дека времето ќе биде добро, од почеток се одржува фестивал за културно уметнички друштва од државата и странство, ќе го имаме најдолгото оро на плоштадот, фестивалот ќе биде од натпреварувачки карактер со настапување на голема бина. Општина Свети Николе го ангажира караванот Македонија, кој што ќе одржи неколку часовен концерт, и традиционална посета на панаѓурот кој ќе биде поставен околу спортската сала.“ – изјави Дејан Влаев, градоначалник на Свети Николе.

Од Општина Свети Николе ветуваат добра забава и убава дружба за сите посетители.

Инаку, Тодорица е православен христијански празник кој се слави во првата сабота од велигденските пости, осносно првата сабота по Прочка.

Лаура Стојанова М-Нет