Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Брера и Пелистер, Јован Качевски главен во Ѓорче

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од второто коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара денес со два натправари, а ќе се затвори во понеделник со еден меч во Струмица.

Во Кавадарци ќе се соочат Тиквеш и Вардар, каде правдата ќе ја дели Фатмир Бафто, а негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Горан Балески сите од Охрид, четврт судија ќе биде Благојче Ралевски од Битола, а пак во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Дарко Видиниќ од Скопје.

На градскиот стадион во Гостивар ќе се соочат Арсими и Струга Трим Лум, а за правдата ќе бидат задолжени Пларетн Салихи и неговите помошници Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески, а пак четврт судија ќе биде Фуркан Идризи сите од Тетово. Во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ од Тетово и Вјолца Изеири од Гостивар.

Утре, сабота на програмата ќе бидат два натпревари. Работнички ќе игра со Башкими, а главен судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија, негови помошници ќе бидат Тоше Ицев од Кавадарци и Роберт Црвенов од Велес, а пак Боби Величков од Велес ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Трпчевски од Скопје и Мартин Дејаноски од Кичево.

Македонија ЃП и Шкендија ќе се соочат во Ѓорче каде за правдата ќе биде задолжен Јован Качевски од Струга, а негови помошинци исто така од Струга ќе бидат Разме Бакрачевски и Климент Ристоски, а пак четврт судија ќе биде Марјан Стојановски од Кичево.

Во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Гоце Петрески од Скопје.

В недела, ќе се игра мечот меѓу Шкупи и Силекс, но се’ уште е непознато каде, бидејќи на стадионот во Чаир се’ уште нема имплементирано ВАР техлоногија, а со тоа Шкупи ќе мора да бара алтернатива. За овој меч е делегиран Кирил Смоквоски како главен судија од Прилеп, а негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Дарко Видиниќ од Скопје. За четврт судија е делегиран Игор Стојчевски од Скопје.

Во ВАР соабта ќе бидат Благојче Ралевски и Владимир Митревски од Битола.

Колото се затвара во понеделник со натпреварот во Струмица меѓу Брера и Пелистер. Главен судија ќе бидат Крумислав Ѓоргиев од Штип, негов прв помошник ќе му биде Мартин Петровски од Куманово, а пак втор помошник Александар Гигов до Штип. За четврт судија е делегиран Ндерим Тефику од Куманово.

Во ВАР собата ќе бидат Пларент Салихи и Фуркан Идризи од Тетово.

Сите шест натпревари кои се играат во четири денови ќе стартуваат во 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет