
Проектот за крстосницата во населба Сењак конечно ќе го добие својот крај. Откако во претходниот период се постави асфалтниот слој, сега се поставува и светлосната сигнализација. Градоначалникот Јорданов најави дека веќе следната недела штипјани ќе може да ја користат крстосницата, а со тоа да се реши и еден од најголемите проблеми на црната точка во градот.
„Како што најавив, оваа недела ги правиме последните припреми и подготовки за асфалтирање на неколку улици, вклучително и крстосницата Сењак. Во следните неколку дена ќе бидат поставени сите елементи од проектот“, истакна Јорданов.
Активностите за поставување семафори и проширување на крстосницата започнаа пред околу три месеца, а првиот асфалтен слој на крстосницата се постави пред две недели. За овој период имаше и застој во изведбата, а и промена на проектот. Во меѓувреме, дел од граѓаните ја користеа за сообраќај и покрај тоа што беше затворена за сообраќај, а полицијата најави казни за оние кои ја прекршуваа забраната.
Ребека Спасова М-Нет