
Петровден во Кочани оваа година ќе биде одбележан на достоинствен начин, без гласна забава, но со длабока почит и надеж за обновување на заедницата. В.д. градоначалникот Венко Крстевски најави комеморативен настан „Во сеќавање“, кој ќе се одржи како дел од програмата за Петровден, во чест на 62-те младите жртви на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
„Нашите млади заслужуваат можност да растат, да создаваат и да сонуваат, и покрај болката што ја носат. Затоа, ве повикуваме на единство. Оваа година Петровден нема да биде празник на гласна забава, туку можност да се собереме како заедница – да се сеќаваме, да се поддржуваме и да градиме иднина. Комеморативниот настан „Во сеќавање“ е дел од програмата што ја посветуваме на жртвите и нивните семејства. Нека Петровден биде момент на заедништво и на надеж дека Кочани ќе се издигне – не на сила, туку со љубов, почит и солидарност.“, посочи Крстевски
Крстевски вели дека малите бизниси во Кочани се соочуваат со пад на прометот, што дирекно влијазе на егзистенцијата на многу семејства. Со ова тој рече дека целта е да се продолжи со живот и градот Кочани се подигне од пеплта
Малите бизниси во Кочани се соочуваат со пад на прометот од 50 %, што влијае на егзистенцијата на многу семејства. Во Кочани имаме околу 10.000 млади луѓе кои изгубија некој близок – пријател, соученик, роднина.
Не смееме да дозволиме колективната траума да ги остави и нив заробени, сами и без надеж за иднината. Нашата цел не е да заборавиме или да ја намалиме почитта кон жртвите. Напротив, должни сме да организираме достоинствена комеморација во чест на загинатите и да работиме на тоа никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија. Но, исто така, должни сме да ја кренеме нашата заедница од пепелта, да ги поддржиме нашите сограѓани кои се борат за својата егзистенција и да им дадеме надеж на младите дека Кочани може да биде место на заедништво, а не само на тага.“, додава Крстевски
Инаку, Крстевски посочи дека жртвите во пожарот никогаш нема да бидат заборавени, а целта е да Кочани се обнови и подигне од длабоката тага.
Иван Митев, М-Нет