
Осогово мака мачи да обезбеди опстанок во Втора лига, а тимот во пролетниот дел загуби во Вардар од Неготино со 1:0, а во претходно коло одигра 0:0 против Скопје со што освои важен бод.
Сепак, пред Осогово ќе биде многу тешка борба за директен опстанок, а втора опција е бараж за опстанок. Тренерот Крсте Крстев вели дека е задоволен од освоениот бод, а тоа ќе биде мотив за собирање на бодови на следните натпревари.
„Како прво, благодарност до домаќините за коректниот однос од почеток до крај. Од освоениот бод, секако дека сме задоволни сите и очекуваме да ни биде мотив за освојување уште бодови, за да успееме во целта наречена опстанок“, вели Крстев.
Во следното коло Осогово ќе го одигра првиот пролетен домашен натпревар против Кожуф, каде само триумф е опција за „жетварите“.
Александар Ванев, М-Нет