
Кривична пријава поднесе в.д. градоначалниикот на Општина Кочани, Венко Крстевски, против угостителите заради узурпација и бесправна градба. Како што истакна на денешната прес конференција инспектор за животна средина ќе ги проверува елаборатите на сите угостителски објекти во трговскиот центар во Кочани. Упати низа прашања до институциите, додавајќи дека на угостителите поважен им е личниот профит наместо безбедноста и здравјето на граѓани.
„Поднесувам кривична пријава против угостители за узорпација и за бесправна градба. Исто така сакам да прашам повеќе институции како Државен пазарен инспекторат како е возможно да се толерира работа во дивоградба, дали има контроли и што значат тие контроли. До АХВ како е возможно да се добие Хасап систем за храна ако кујната е дивоградба. Исто така сакам да прашам како е возможно да има приклучок на струја во тие угостителски објект“ – вели Крстевски.
Крстевски одговарајќи на новинарско прашање кажа дека терасите на угостителските објекти ќе бидат срушени, ама без конкретен одговор кога.
Рокот за рушење на летните тераси кои го даде општината на угостителите заврши во понеделникот, по што требаше да се пристапи кон рушење на објектите. Крстевски претходно истакна дека ако сами не ги отстранат објектите тоа ќе го направи приватна фирма, а трошоците ќе бидат на грбот на сопствениците.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет