
За првпат организирана крводарителска акција од страна на Офф роад клубот Штип и Доброволно противпожарно спасително друштво. Акцијата се спорведе во просториите на клубот, каде можност да донираат крв имаа сите членови. Претходно се организираа голем број хуманитарни акции, а годинава за првпат се организираше крводарителска акција, со тенденција да прерасне во традиција и да се спроведува секоја година по ред.
„Нашата акција ја организираме по првпат со цел да помогнеме бидејќи знаеме сите дека крвта е најпотребна на некои луѓе. Оваа крводарителска акција ја организира ОФФ роад клубот заедно со спасителното друштво, кое работи од оваа година.“ – вели Ѓоргиев.
Влатко е крводарител кој има дарувано над 40 пати крв. Вели дека задоволството е негово со оглед на фактот дека помага да се спаси човечки живот.
„Јас имам дарувано околу 40 пати крв и мислам дека после секое дарување некако се чувствувам многу подобро бидејќи знам дека тоа ќе помогне на енкој што му многу значи“ – додава Ѓоргиев.
Крводарителската акција се спроведе во соработка со Центар за трансфузиона медицина Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет