
Уште еден голем успех за штипскиот кикбокс клуб „Гладијатор Фајт“ од учеството на Европскиот Куп во Сараево, Босна и Херцеговина. Клубот предводен од тренерот Шенол Асанов учествуваше со тројца натпреварувачи, а во Штип носи златен и бронзен медал.
11-годишниот Љупче Коштанов освои златен медал во категорија помлад кадет, дисциплина кик лајт -37 килограми, а тој за М Нет телевизија ги сподели имресиите, а кој се подготвуваше со Викторија Варадинова.
„Јас сум задоволен со тоа што освоив прво место на Европскиот Куп во БиХ. Првиот противник беше добар, но вториот беше одличен противник. Втората борба ја губев со 2-0, но оддеднаш ја превртев на 3-0 и јас имав водство. Ова ми е мотив за да имам во иднина уште подобар и се да ми биде први места и златни медали. Ова ми е втор златен медал, првиот ми беше на Државното првенство“, рече Коштанов за М Нет телевизија.
Вториот медал за „Гладијатор Фајт“ го освои Антонија Тасева, која во категорија до -60 килограми кик лајт дојде до брозен медал.
„Со обзир со тоа што првата ја борба ја победи со 3-0, натпреварувачката во втората борба беше поискусна, светски шампион и ме победи со 2-1. Беше малку тешка борба, но поминавме. Јас сум задоволна бидејќи успеав да стигнам до трето место“, рече Тасева за М Нет.
Јован Јанковски не успеа да се пласира во борба за медал, а на Европскиот Куп заврши како петтопласиран.
„Конкуренцијата беше добра јас за жал изгубив во првата борба, ме победија со 3-0 и ќе се обидам да се поправам за нареден натпревар“, изјави Јанковски за М Нет.
Тренерот Шенол Анасов е задоволен од успесите на неговите натпреварувачи, како што вели за М Нет телевизија со тројца натпреварувачи има два медала.
„Пред се сум задоволен од моите борци до тројца борци со два медали се врати во Штип. Овој Европски Куп ми е еден чекор напред за квалификации за Балканско првенство и за Европско првенство. Следните настани што ги очекуваме имаме во месец мај Државно првенство, во септември имаме Балканско првенство, така да на овие турнири на кои настапуваме мораме да постигнеме резултати и на тој начин да се пласираме на Балканско и Европско првенство“, рече тренер Асанов за М Нет телевизија.
Интерес за овој спорт во Штип има вели Асанов, а најмалиот член во неговиот клуб има пет години. Вели дека е задоволен од тоа како напредуваат како клуб во целина.
ИЗЈАВА 747G0628 Шенол Асанов, тренер на кикбокс клубот Гладијатор Фајт 01:11 (нашиот член) до 01:17 (50 години)
„Нашиот член во Гладијатор Фајт е пет години, а имаме до 50 години најстариот. Битно е да има морал, мотив и желба за тој кој што сака да се натпреварува и тренира. Премногу сме задоволни јас и мојот помошен тренер Викторија Варадинова, пред се морам да кажам Љупче Коштанов бидејќи тој е најмал и најмлад спортист од нашиот клуб. Подготовките ги правевме со Варадинова и Љупче за три месеци стана државен првак, а потоа за кратко време или за шест месеци и Европски шампион. Подготовки течат Државното првенство за квалификации за Балканското првенство и за ЕП, прво ни е Балканското во септември во Бугарија, мораме да се фокусираме на квалификациите за Балканското првенство“, рече Асанов за М Нет телевизија.
За кикбокс клубот „Гладијатор Фајт“ ова е голем успех, со дисциплина и правилна работа на тренерите Шенол Асанов и Викторија Варадинова, а клубот веќе цели кон следните предизвици.
Александар Ванев, М-Нет