
Како и во претходните три сезони, така и во овааа сезона традиционално новата сезона во македонската кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот на Македонија.
На 28. септември во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се одиграат натпреварите од Суперкупот во машка и женска конкуренција, односно најдобрите четири клубови во двете конкуренции од ланската натпреварувачка сезона.
Во 17 часот ќе се одигра натпреварот во женска конкуренција, во која ќе се соочат екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица против екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Истиот ден во 19:30 часот ќе се одигра натпреварот во машка конкуренција во кој ќе се соочат МЗТ Скопје Аеродром кој е бранител на пехарите освоени во минатата сезона против битолски Пелистер.
Баскет Кам во женска и МЗТ Скопје Аеродром во машка конкуренција се бранителите на трофеите. Екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица има два од вкупно три издание на Суперкупот во женска конкуренција, додека пак МЗТ Скопје Аеродром се убедливо најдобри со шест пехари од кои пет во низа.
Како што веќе информираше М Нет телевизија новата сезона во кошаркарската елита на Македонија во машка ќе започне на 5. октомври, а пак на во женска конкуренција на 12. октомври.
Александар Ванев, М-Нет