Кошаркарките на Тим Арена од Штип ќе бараат триумф на гостувањето кај Гостивар

ФОТО: ЖКК Тим Арена

Утре ќе бидат одиграни трите натпревари од Втората женска кошаркарска лига, а во рамки на 4. коло екипата на Тим Арена ќе гостува кај Гостивар, во обид каде штипскиот тим ќе бара продолжува на перфектната форма.

Тим Арена досега одигра два натпревари и запиша два порази, а пак во третото коло беше слободна. Триумф за штипскиот клуб ќе значи и преземање на врвот. Гостивар е прв со пет бодови, а толку има и Гевглеија односно овие дв екипи имаат две победи и еден пораз.

Натпреварот меѓу Гостивар и Тим Арена се игра во спортска сала „Младост“ во недела со почеток од 13 часот.

Гевгелија на домашен терен ќе игра против Струга, меч кој се игра во салата „26 април“ со почеток од 15 часот.

Екипата на Шкупи ќе игра против Риниа и ќе гледа идеална шанса за триумф и позитивен резултат, во меч кој стартува од 16 часот.

Во рамки на четвртото коло слободна ќе биде екипата на Охрид.

Александар Ванев, М-Нет