
Продолжува неизвесноста за врвот од табелата во Втората кошаркарска лига, откако фаворитте одиграа според планот во рамки на 9. коло.
Кошаркарите на Соколи во Штип со убедливи 93:53 го совладаа тимот на МЗТ Скопје и со тоа ја продолжуваат борбата за местата кои водат кон Прва лига.
Костадинов реализираше 30 поени за екипата од Штип, Шајкаров имаше 10, кај гостите, Ангеловски даде 16, а Масевски уште 11 поени.
Ангели со 97:72 го доби Работнички 2018, Охрид славеше домашна победа од 76:66 над Мега Баскет, Маџари беше сигурен со 65:45 над Бутел, а пак БОрец Баскет го доби дербито со Црн Дрим со 87:73.
Колото се комплетира со мечот меѓу Струмица ФМП и Водно Санс.
Александар Ванев, М-Нет