Кошаркарките на Патриот од Делчево никако да забележат триумф, неизвесно околу врвот во Првата лига

По осум одиграни кола во Првата женска кошакаркска лига екипата на Патриот од Делчево е единствена која нема позитивен резултат односно има осум порази од толку натпревари и се наоѓа на дното од табелата.

Тимот ја има и најлошата поен разлика со најмалку постигнати поени односно 402, а има примено дури 701 поен што е убедливо најмногу, бидејќи сите останатите се под цифрата од 600, а пак Баскет Кам од Македонска Каменица е убедливо со најдобра одбрана од само 408 примени поени.

Пред тимот од Делчево ќе биде исклучително тешка сезона во борбата да се обезбеди опстанокот во елитното друштво, а веќе во следното коло одново ќе има тежок меч против Вардар во гости.

Спорт Тим е место погоре на табелата односно е седми со еден триумф токму над Патриот и седум порази, а овој тим собра девет бодови. Практично тука меѓу овие екипи и ќе се води битката за опстанок.

МЗТ Бела Вода е шести со десет бодови, а тимот има две победи токму над Спорт Тим и Патриот.

Со по 12 бодови на делба на четвртото место се екипите на Бадел и Пробаскет, а пак со по 15 бодови врвот го делат Крива Паланка, шампионот Баскет Кам и Вардар.

Во следното деветто коло Крива Паланка како голем фаворит ќе игра против МЗТ Бела Вода, Вардар дома го чека „фенерџијата“ Патриот од Делчево како голем фаворит, додека пак Баскет Кам ќе игра дерби со Бадел во Готи.

Пробаскет на домашен паркет ќе ги одмери силите со Спорт Тим, а домашниот тим е фаворит.

Првата петорка за осмото коло ја сочинуваат Кајла Томас од Пробаскет, Сања Адамовска и Цветанка Димова од Баскет Кам, Алексис Пул од Крива Паланка и Линдзи Клири од Бадел.

Втората петорка ја сочинуваат Елена Тасевска и Теа Трајковска од Вардар, Аби Ниехуес од Крива Паланка, Ива Чолакоска од Бадел и Сара Митановска од Спорт Тим.

Петорките се офмирани според бројот на реализирани индексни поени.

Александар Ванев, М-Нет