Кошаркарите на Соколи од Штип го загубија дербито на колото со Струмица ФМП

Кошаркарите на Соколи од Штип со пораз ја започнаа 2026 година односно пролетниот дел од Првата лига, откако го загубија дербито во Струмица ФМП на гостински терен со резултат од 78:68 односно десет поени разлика.

Штипјани парираа во првата четвртија која ја загубија со 16:13, а потоа струмичани започнаа да градат резултатска предност и да го носат меч кон успешна завршница. На полувреме резултатот беше 41:28 и не дозволуваше домаќинот да му овозможи на гостинот да дојде во резултатски егал.

Шајкаров со 18 поени беше прво име кај Стрмица ФМП, а пак Јоваонвиќ запиша 15, а Стојанов десет поени. Кај штипјани Костадинов имаше 16 поени, а пак Блажевски имаше 14.

Сега Струмичани избиваат на врвот со 20 бодови, а пак Соколи се втори со 19 бодови на своето конто.

Бутел пак беше пресилен на домашен терен против тимот на Борец Баскет од Велес со резултат од 100:73, а а пак Овче Поле во првото пролетнот коло или 12. коло беше слободен.

Во однос на натпреварите од групата А таму Водно Санс сосема очекувано го декласираше „фенерџијата“ Младинец со 116:85, а Тетекс ТТК на домашен терен дојде до триумф над Црн Дрим од 74:62.

Дербито на колото во оваа група се играше меѓу Охрид и Мега Баскет, а гостинот од Прилеп беше подобар со 64:81. Тимот на Вардар беше слободен во оваа коло.

Во однос на табелата тука лдиер е Мега Баскет со 20 бодови, Вардар е втор со 18 бодови, а Охрид е трет со 17 бодови.

Следниот викенд се играат мечевите од 13. коло во Првата кошаркарска лига и со тоа продолжува трката за влез во Суперлигата.

Александар Ванев, М-Нет