Кошаркарите на Винеам од Виница на гостување во Дебар, Конзули го пречекува тимот на Шар Планина

Кошаркарите на Винеам од Виница утре ќе гостуваат кај екипата на Дибра Иглс во Дебар, во рамки на 3. коло од Аматерската кошаркарска лига или поранешна Трета лига.

Во досегашниот тек од сезоната екипата на Винеам забележа две победи на стартот од новата сезона, а во Дебар во победничка форма тимот од Виница ќе ја бара третата победа во низа. Претходно, тимот на Винеам во гости ја доби Хераклеа со резултат од 53:70, додкеа пак во рамки на 2. коло славеше над Чаир на домашен терен со 82:65.

Во рамки на 3. коло Хераклеа на домашен терен во Битола ќе се соочи со Иба Баскет, додека пак Конзули, исто така во Битола ќе игра со екипата на Шар Планина.

Натпреварот меѓу Чаир и Гевгелија се игра веќе денес.

Инаку, во однос на самата табела екипата на Винеам е максимална со четири бодови на своето конто, а по четири бодови имаат Шар Планина и Гевгелија, додека пак ИБА Баскет Скопје и Дибра Иглс имаат по три бодови.

На шестото место е тимот на Конзули со два бодови, а толку има и Хераклеа која е седма, а на дното е тимот на Чаир, исто така со два бодови.

Александар Ванев, М-Нет