Кочанчани на масовен протест пред фабриката „Пејпер мил“: нѐ троват, а поддршка немаме

Кочанчани на голем протест пред фабриката за хартија „Пејпер мил“. Откако претходните денови по два часа мирно протестираа пред фабриката, денес излегоа на масовен протест. Барањето веќе со месеци исто – да се дише чист воздух и да се престане со тровењето. Суштината на проблемот ја гледаат не во фабриката, туку во институциите кои не им даваат поддршка во борбата.

Сето она што досега се преземало на база на нивните реакции го сметаат само за „замачкување очи“, бидејќи и покрај многуте инвестииции на фабриката, воздухот е загаден, а граѓаните се со став дека секојдневно се троват.

Резултатот го гледаат токму преку еколошкиот активизам имајќи предвид дека поддршка немаат од ниту еден надлежен, ниту од Општината, ниту од Собранието и Владата. Присутните повикаа на поголема масовност и упорност.

Инаку, процесот на производство во фабриката е стопиран до крајот на март. Фабриката и покрај ваквите реакции и протести, вчера најави продолжување на инвестицискиот процес, по за нив, како што велат, тешката година.

Ребека Спасова М-Нет