Кочани ќе бара прва победа против Топ Гол на домашен терен, Каменица Саса на дерби со Скопје

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од деветтото коло на Првата женска фудбалска лига, а во кое коло екипата на Кочани на домашен терен ќе ја бара првата сезонска победа против екипата на Топ Гол од Битола.

Ова ќе биде и дерби до некаде од долниот дел на табелата, бидејќи Кочани е на самото дно од табелата како последнопласиран со еден бод и единствен кој нема триумф, а пак Топ Гол е на осмото место со четири бодови.

Две екипи кои ќе бодат битка за опстанок во елитата, а влогот на утрешниот меч за трите бодови е голем со притисок и кај едните и кај другите.

Дербито на колото ќе се игра во Македонска Каменица каде Каменица Саса ќе се судри со Скопје. „Рударките“ резултатски се стабилни и сега ќе бараат трета победа во низа за вкупно шест, но се далеку од трката за титулата. Скопје има одличен старт во новата сезона со седум победи и само еден пораз од шампионот Љуботен, па во Македонска Каменица скопскиот тим ќе бара продолжува на победничката низа во меч кој се очекува да биде неизвесен.

Истатов на домашен терен како голем фаворит ќе се соочи со тимот на Речица. Домашниот тим ќе бара нови три бодови и петти триумф со што може и да прогресира на табелта, а пак Речица ќе оди барем и по бод на тешкото гостување.

Дерби ќе одиграат и Ас Јунајтед и Тиверија Брера во Струга, каде домашниот тим ќе ја има фаворитската предност за трите бодови, додека пак шампионот Љуботен како апсолутен фаворит ќе гостува кај дебитантот Вардар.

Александар Ванев, М-Нет