
Во петок започнува 32. издание на манифестацијата Денови на кочанскиот ориз. Општина Кочани ќе биде домаќин на голем број гости од државата и странство, а последните подготовки се во тек. Од општината истакнаа дека очекуваат голем број посетители и гости кои ќе уживаат вонастаните закажани од 29 септември до 1 октомври.
„Целата манифестација ја започнавме уште со изборот на жетварската убавица, официјалната програма започнува во петок со настап на кочански бенд во 17 часот. Продолжува со уличен театар и крунисување на жетварската убавица“ – вели Карова Коцева.
Манифестацијата завршува во недела во селото Мојанци каде ќе започне жнеењето и вршење на гумно.
„Заедно со сите присутни ќе одиме на нивата, ќе се кажат и благословите и ќе се започне со жнеењето на нивите и вршење на гумно“ – вели Илијевска.
Годинава граѓаните ќе имаат можност да научат како се подготвуваат специјалитети од ориз од врвни готвачи и да ги пробаат истите.
„Ќе имаме гости како што е Анита суши шеф која на лице место ќе презентира како се подготвува суши и секако нашите посетители ќе може да го вкусат. Исто така ќе сеподготвува и комитска манџа којапотекнува од Осоговските планини.
Со овие низа настани закажани за во Кочани продолжува да се негува традицијата во градот. Градоначалникот Папазов упати повик до граѓаните да присуствуваат на настаните и да уживаат.
„Продолжуваме една традиција со која сакаме да го афирмираме оризопроизводството како стопанска дејност и во исто време да ги угостиме нашите гости од соседните општини, од збратимените градови и од соседните држави. “ – вели Папазов.
Сите три вечери во Кочани ќе има забавно уметничкапрограма, како и голем број промоции на книги во Библиотеката Искра.
Лаура Стојанова М-Нет