
Проектот за гасификација во државата се движи според планот. Во однос на првиот крак од Неготино кон Прилеп и Битола тој е во завршна фаза. Во текот на зимските месеци се работеше на решавање на двата магистрални гасоводи кон Битола и кон Гостивар. Во однос на инфраструктурните проекти експорпријацијата е во тек на одредени мали зони каде требаше да биде до завршена. Теренот е чист за продолжување на изградбата истакна Министерот за транспорт и врски, Бочварски.
Кон Кочани не е предвидено да има крак за гасовод, но тоа не значи дека овој град од Источниот дел на државата ќе биде изоставен од гасифицирање.
Завршен е проектот за гасификација од Неготино кон Гевгелија, односно интерконекторот кон Грција и се очекува тендерот да биде распишан до крајот на оваа година, за изградба на тој крак со што ќе добиеме втор приклучок на гас од јужниот сосед.
Лаура Стојанова М-Нет