
Корупцијата е присутна секаде, ја имало и ќе ја има – граѓаните во Штип согласни дека во државата тешко може да се искорени овој поим. Велат дека во сите свери од општеството има корупција, а тоа негативно влијае врз самото општество. Додаваат дека и покрај напорите нешто да се промени тоа тешко оди, па не очекуваат корупцијата да биде минато во државата.
Заеднички може да се изгради систем на транспарентност со што ќе се работи на искоренување на корупцијата, посочи претседателката на ДКСК, Татјна Димитровска, на денешниот настап по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
„Заеднички можеме да изградиме систем кој ќе се темели на транспарнетност, интегритет и отчетност, вредности неопходни за напредок на општеството. Меѓународниот ден за борба против корупција не потсетува на серизоните последици што корупцијата ги носи за општестватата ширум светот.“ – вели Димитровска.
Меѓународниот ден за броба против корупција е ден за подигање на свеста, но и повик за конкретна акција. Со заеднички сили може да се изгради општество во кое корупцијата нема место, ресурсите се насочени за добро на сите и сите имаат можност за напредок – посочи денеска Димтровска.
Лаура Стојанова М-Нет