Над 600 артикли во Новогодишната кошница, Мицкоски очекува ниски цени, среќни граѓани и полни трпези

Ниски цени, среќни граѓани и полни трпези – ова се очекувањара на премиерот Христијан Мицкоски, со донесената одлука над 600 артикли да бидат поевтини. Новогодишната кошничка ќе важи во периодот од 15 декември до 15 јануари. Поризводите ќе бидат намалени и брендирани со што граѓаните ќе може да ги препознаат. Мерката се носи во соработка со трговците и производителите, и затоа нема да има казни туку само мониторинг вели Мицкоски.

„Во периодот од 15 декември до 15 јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од 600 артикли ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Нема да има замрзнување на цените туку е конзенсуално направено и нема да има казнување туку ќе има само мониторинг.“ вели Мицкоски.

Во новогодишната кошничка се најдоа дел од основните прехрамбени производи како што се лебот, житариците, млекото и млечните поризводи, месото, свежи продукти како и газирани и негазирани пијалоци.

„Ова е со цел заштита на стандардот на граѓаните. Различна е тоа што ние како Министерство за економија и Владата носиме одлуки за замрзнување со цел намалување на цените.“ – вели Дурмиши.

Граѓаните исто така имаат можност на веб страната моја кошница да проверат кои производители и увозници ќе ги намалат цените на производите за Нова година.

Претходно Владата донесе мерка за есенска потрошувачка кошница, со која беа опфатени повеќе од 70 основни прехранбени производи, на коишто им беа ограничени профитните маржи.

Лаура Стојанова М-Нет