
Конечно дојдоа убавите денови за Вардар, најтрофејниот македонски фудбалски клуб пополека ја завршува агонијата која трае неколку години, па клубот предводен од Горазд Михајлов во новата сезона влегува стабилен и со високи цели во однос на претходната сезона кога клубот преку баражот со Детонит Плачковица се избори за опстанок во елитата.
Вардар доби нов генерален спонзор кој ќе вложи во клубот еден милион евра, а клубот на подготовки замина во Словенија.
Стручниот штаб на Михајлов е засилен со Филип Маџовски, кој ќе биде тренер на голманите на првиот тим на Вардар, а дополнително во стручниот штаб влегува и Влатко Колев, кој својата играчка кариера ја започна во Вардар, а има настапувано и за Македонија ЃП, додека пак со Силекс ја има освоено двојната круна. Колев има забележано големи успеси и како тренер освојувајќи ја двојната круна со младинската екипа на Металург во сезона 2014/2015, а исто така во два наврати бил прогласен за младински тренер на годината. Тој е член на вардаровата Академија уште од 2005 година.
Вардар досега ги промовираше Јужно Кореанскиот играч Сеук Гун Ким, 22-годишен фудбалер кој игра на позицијата лево крило, а доаѓа од кипарската екипа Акритас, во која изминатата полусезона настапи на 11 натпревари, на кои постигна два гола.
Во Вардар беше промовиран и Горан Закариќ, 31-годишен фудбалер кој игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано за Динамо Загреб, Партизна, Железничар, Широки Бријег, Зрински, ЛокомотиваЗагреб, Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос. За националниот тим на БиХ има вкупно 11 настапи, додека за младата селекција до 21 година има забележано 13 настапи.
Марио Костов е нов фудбалер на Вардар, 18-годишен играч кој игра на позицијата напаѓач, а доаѓа од редовите на Брера, со која како младинец стана шампион на Македонија.
На првиот пријателски меч Вардар беше подобар од Мура со резултат од 0:2 со головите на Цветков и Велковски, а во следниот период ќе се тестира со Бистрица и Чарда Мартјанци, како и со Динамо Загрев и Свонси, екипа која е десеткратен освојувач на Купот на Велс, актуелен член на англиската Чемпионшип лига, а има настапувано и во Премиер лигата.
Вардар конечно се стабилизира, а клубот во новата сезона ќе се бори за висок пласман на табелата во ПМФЛ.
Александар Ванев, М-Нет