
Комисијата за спорт под раководство на претседателот Елмир Мандак денес ја одржа 30 редовна седница на која беа разгледани неколку точки. Првата точка се однесуваше на Тенискиот клуб Астибо на кого му беа одобрени 15.000 денари за котизација. За истата цел – котизација беа одобрени 59.050 денари и на ППК Шампион ФА. На Боксерскиот клуб Баргала по програма му беа одобрени 50.000 денари а исто така 50.000 денари беа одобрени и на Боксерскиот клуб Пинк Пантер по програма. Сите овие одлуки од Комисијата за спорт се пропратени дo Комисијата за финансии и буџет а последниот збор ќе го дадат советниците на првата наредна седница на Советот на општина Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk