Комисијата за спорт денес ја одржа 28 седница, одобрени финансии за Балканец, Триумф, Текстилец и УГД Штип

Денес се одржа 28 седница на Комисијата за спорт на чиј дневен ред беа 5 точки – барања од штипски спортски клубови. Според претседателот на Комисијата Елмир Мандак по првата точка на барање од Тенискиот клуб Триумф беа одобрени 15.000 денари за котизација. Втората точка беше барање од Одбојкарскиот машки клуб УГД Штип на кого му беа одобрени 250.000 денари според програмата. Според програмата комисијата одобри на машкиот Ракометен клуб Текстилец 600.000 денари. По четвртата точка за јубилејот на Боречкиот клуб Балканец, 60 г. од постоењењто и според програмата му беа одобрени 950.000 денари. По петтата точка од дневниот ред комисијата немаше одлука за Ракометниот женски клуб Арена за одобрување на средства поради сеуште немање на одлука за почеток на натпреварувачката сезона а ако до тоа дојде ќе се донесе дополнителна одлука. Сите овие одобрени средства ќе одат на разгледување кај Комисијата за финансии и буџет а конечната одлука ќе се донесе на првата наредна седница на Советот на Општина Штип.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk