
Денес сабота и утре недела ќе се одиграат осмина – финалните натпревари од македоинскиот куп во Футсал. Штипските екипи ќе одиграат и тоа Мал Ајакс во Штип ќе се сретне со Црна Река од Кавадарци, а тимот на Астибо ќе гостува во Струга на екипата на Велешта. Еве ги комплетните парови за ова осмина финале:
Сабота 6 февруари 2021 г.
- Железарец – Шкупи
- Арбен Бајрами – Проект Цико
- Кеги Моби – Овче Поле
- Мал Ајакс – Црна Река
- Кратово – Велес
Недела 7 февруари 2021 г.
6. Клими ( Кавадарци) – Карадаку
7. Велешта – Астибо
8. Јувентус Серава – Шкендија
Според најавите ќе се игра само на еден натпревар и победниците продолжуваат понатаму во четврт финале. Што се однесува до пролетниот првенствен дел, тој ќе започне веќе следната недела, односно првото коло ќе се одигра комбинирано на 13 и 14 февруари.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk