Велосипедист со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничка болница Штип

На 05.02.2021 околу 10,30 часот на регионален пат Р-1310 во с.Подареш, велосипедистот Т.Д.(35) од Радовиш изгубил контрола над велосипедот и паднал на коловозот. По незгодата од доктор во Клинички центар Штип на велосипедистот му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.