Колку штипјани се подготвени да даруваат органи за да спасат нечиј живот?

Колку Штипјани се подготвени да даруваат органи по повод Светскиот ден на органодарителството? На терен, граѓаните со поделени мислења, едни велат дека би дарувале, други дека, не дај Боже, би се одлучиле на таков чекор само доколку орган затреба за нивен најблизок, а трети воопшто не би дарувале, бидејќи немаат доверба во системот.

Од друга страна незаинтересираноста за донирање органи граѓаите, додаваат дека произлегува од недовербата во здравството

Светскиот ден на органодарителството се одбележува секоја година на 13 август. Овој ден има за цел да ја подигне глобалната свест за важноста од дарувањето органи и да им оддаде признание на донорите кои спасуваат човечки животи.

Во Македонија, во пресрет на овој ден, Министерството за здравство традиционално ја споделува пораката за хуманоста на овој чин.

Иван Митев, М-Нет