
Пред неколку дена граѓанин на Општина Штип добил решение од страна на општната во кое се вели дека тој треба да го подмири олгот за ненавремна исплата на камата за данок на имот, за 2010, 2011 и 2012 година. Меѓутоа фискалните сметки и упланиците кои тој исто ни ги приложи зборуваат дека и данокот на имот и камата се исплатени. Од овде се појавува прашањето дали од Општина Штип е направен пропуст и колку често тоа се случува во пракаса. Одговор побаравме од раководителот на Сектор на финансии при Општина Штип, Александар Кангалов. Тој вели ретко се прават грешки.
„Грешки постојат како и во секоја област така да и во даноците, но верувам дека тоа се многу мал број на случаи и ете ги повикуваме граѓаните секој оној кој смета дека има некаков пропуст или некаква грешка во самите решенија нашето даночно одделение стои на располагање, ќе одговорат како и досега и ќе ја извршат корекцијата доколку се утврди дека постои некаква грешка“- кажа Кангалов.
Доколку се случи грешка меѓутоа со докази од страна на Секторот за финансии истата ќе биде поправена. Кангалов посочи дека изминатата година во време на пандемија решенијата за наплата на данок на имот кај граѓаните стигнувале можеби задоценето, но тој додаде дека од нивна страна секогаш се излегува во пресрет на граѓаните додека пак присилната наплата е последниот чекор кој се презема.
Без разлика дали станува збор за задоцнето плаќање на данок на имот, ненавремено подмирена камата или данок кој останал од починато лице, Кангалов вели тој мора да се плати. Со оглед на овој факт тој упати апел до граѓаните навремено да ги подмират своите сметки за данок на имот. Тој исто така додеде дека поголемиот дел од штипјани навремно си ги плаќаат сметките за данок на имот.
Лаура Стојанова М-Нет