
Утринава околу седум часот во СВР Штип била пријавена сообраќајна незгода на улица Гоце Делчев во Штип, во која со повреди се здобил 46 годишен велосипедист. Тој е префрлен на укажување лекарска помош во Клиничка болница Штип, а отаму е препратен на лекување во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. Засега сеуште не се утврдени причините како велосипедистот се здобил со повредите. Увид на местото извршија од Полициската станица Штип, и се работи на утврдување на причините за несреќата.
Лаура Стојанова М-Нет