Колку здраво се хранат штипјани?

Во склоп на неделата на гладта која е од 16 до 22 октомври ги прашавме граѓаните во Општина Штип колку здраво се хранат. Колку е важна здравта исхрана за нив, но и дали денешните примања се довлни да граѓаните одвојат средства за повеќе овошје, зеленчук и здрава храна во нивната исхрана. Пред камерите на М-Нет телевизија дел од штипјани кажаа дека минимално купуваа здрава храна, бидејчи толкави им се можностите. Истовремено додадоа дека и овошјето и зеленчукот кои се вбројуваат во групата на здрава храна не се толку здрави, бидејќи не се целосно природни.

„Зависи, дел од граѓаните може да си дозволат да се хранат здраво, дел не. Јас јадам овошје грозје, јаболка, круши, ама цените малку солени. Ама колку е здрава којзнае, сите велат здрава, здрава, а се е со отрови“

Истовремено, вчера се одбележа светскиот ден на јаболкото. Една стара народна поговорка вели со едно јаболко на ден, не ви е потребен лекар. Јаболкото е најздраво кога се консумира свежо и цело, односно со кора. Ама за граѓаните на Штип истото претставува луксуз, исто како и дел од јужните овошки. Затоа истите здравата храна ја замениле со храна достапна за нивниот Буџет.

Лаура Стојанова М-Нет