Италијанскиот јазик е помалку застапен во образованието. Но, се прават сите напори за да се воведе како втор изборен јазик во средните и основните училишта. Италијанскиот јазик освен на Филолошкиот факултетот „Блаже Конески“ во Скопје се изучува и на факултетот „Гоце Делчев“ во Штип. Од 2018 година се воведени наставни програми, книги кои се потребни на учениците за изучување на јазикот.
Веќе во неколку училишта низ Македонија италијанскиот јазик е воведен. Како во Куманово, Битола, Скопје, Свети Николе. Изјавува Проф. по италијански јазик Радица Никодиновска.
Проблемот за воведување на италијанскиот јазик во неколку градови, е од финансиски аспект или во училиштата веќе има воведено втор изборен странски јазик. Но, според законот сите официјални јазици треба да бидат воведени и да се даде право на избор на учениците. Во изборот за втор странски јазик, влијание имаат и родителите.
Од страна на Амбасадата ја имаме потребната поддршка, но ако не се спроведат европските јазични политики. Односно, англискиот јазик претставува општ јазик за комуникација. А вториот јазик, според европските јазични политики кои што и ние треба да ги почитуваме и преименуваме. Сите останати јазици треба да се изучуваат од задоволство. Вели Никодиновска
Надица Стојковска / М Нет
Игор Зиврев / М Нет