
Уште неполна недела дена им останува на работодавачите да исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Но, годината која измина помина во пандемија, па колку од фирмите навистина претпријатија загуба речиси исто толку ја искористија пандемијата за да стават во џеб некој денар плус. Регресот за годишен одмор, познат како К-15, мора да биде исплатено заклучно со 31 декември годинава, само не се знае точната минимална сума која може да биде исплатена од страна на фирмите кои претрпеле загуба.
„Проблематичен е моментот што вели дека работодавачот може да исплати помал регрес за годишен одмор доколку имал потешкотии во работењето, межутоа никаде не стои кој е најмалиот износ којшто може да го исплати работодавачот. Затоа сме сведоци на исплата на регрес од 100денари, 1000 денари итн.“ – ни кажа Ампева.
Секако за да има исплата на задолжителниот регрес за годишен одмор во помала сума, потребно е согласност односно спогодба меѓу работникот и работодавачот.
По завршување на рокот за исплата на регрес за годишен одмор, ќе се сумираат пријавите, и ќе се види кој исплатил и колкава сума на К-15 е исплатена од страна на работодавачите. По тоа ќе се очекува работа на терен од страна на Државниот Трудовиот инспекторат и Управата за јавни приходи, за конечно да се стави крај на манипулациите, и вработените да го добијат својот регрес за годишен одмор. К-15 го следува секое лице кое е вработено, и последователно 6 месеци работи во иста фирма.
Лаура Стојанова М-Нет