Кои се најдобрите стрелци во Трета лига?

По 15 одиграни кола во Трета лига – Исток убедливо најдобар стрелец е Тоше Манов, кој за тимот на Овче Поле постигна 15 гола, дури шест повеќе од Марио Атанасовски кој е втор најдобра стрелец на Истокот кој за Карбинци има постигнато девет гола.

Во Трета лига – Југ најдобар стрелец е Бобан Тошески кој за Ултрас постигна 16 гола, а пак втор најдобар стрелец е Илхан Имеров кој за Борец има 15 гола, а пак Теодор Мирчевски за Борец има 14 гола.

Во Трета лига – Север на врвот е Орхан Мифтар кој за лидерот Еуромилк ГЛ има 20 погодоци, а гол помалку има Стефан Богдановски кој го носи дресот на Аеродром, а пак Гезим Бакиевски е трет најдобра стрелец со 17 гола за БВК Коњаре.

Во Трета лига – Запад ќе има голема борба кој да биде најдобар стрелец. На врвот е Хузри Џемаили кој за тимот на Камјани има 15 гола, а папк Агон Хашими е втор најдобар стрелец со 14 гола за Доброшти.

Во Трета лига – Југозапад најдобар стрелец е Хакан Алимовски со 11 гола за тимот на Могила, а пак Денис Шадов од тимот на Влазими е втор најдобар стрелец во овој третилигашки регион со девет гола.

Покрај трката за тоа кој да биде најдобар стрелец, се води и борба за тоа кој да биде шампион во секој третолигашки регион и со тоа шампионите да играат бараж за Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет